Rolls-Royce Cullinan 1:8 » Мал и совршен (видео)

Top News Видео Занимливости Новитети

Мал и совршен

Објавено на 25 мај 2020 година

Сер Хенри Ројс има речено дека малите работи го прават совршенството, но совршенството не е мала работа. Водејќи се од тоа, компанијата Rolls-Royce која го нои неговото име го претстави својот најнов модел кој е и мал и совршен. Се работи за автентична макета на Cullinan во размер 1:8, направена до перфекција. Изработена е од преку илјада делови за чие составување се потребни 450 работни часа, што е повеќе од половина од времето потребно за клопување на вистинскиот автомобил. Во предниот дел се наоѓа верна реплика на V12 моторот, а купувачите ќе можат да бираат меѓу четириесетте илјади стандардни бои. Во зависност од опциите, цената му се движи од 15 илјади фунти па нагоре.

Видео

клучни зборови: ,