Пред четири месеци бевме во Португалија за да го возиме новиот Nissan Qashqai. Кросоверот од средна големина ужива голема популарност во светски рамки, па и кај нас.
Новата генерација го доби новиот изглед кој во голема мерка превзема цитати од електричната Ariya, особено на предниот дел каде новите LED фарови и саќестата форма на предницата се во склад на новиот дизајнерски јазик на Nissan. Qashqaiкога се појави на пазарот беше осамен бидејќи беше основоположник на експлодирачкиот сегмент на кросовери со средна големина.
Сега тој е еден од главните играчи во сегментот, а својата позиција ја задржува не само поради дизајнот и опременоста, туку и со технологијата. Кај нас пристигна изведбата со 1,5 литрен бензински турбо мотор од 158 коњи со 48 волтен хибрид и автоматски DTC менувач. Наскоро ќе биде понуден и иновативниот E-Power кој го има истиот мотор, но само во улога на полнач на батеријата.
Главното движење е на електричен погон. За повеќе информации обратете се во Аутомотив Груп, а на следните линкови можете да ги видите нашите инпресии од возењето на Qashqai.
https://www.avtomagazin.com.mk/ekskluzivno-vozevme-nissan-qashqai-e-power/