Mercedes EQE – електрична алтернатива на Е-класата

Top News Видео насловна Новитети

Бизнис авангарда

Mercedes продолжува со проширувањето на EQ семејството – на ред дојде и електричната верзија на Е-класата

Објавено на 6 септември 2021 година

Ветувајќи дека до 2025 година купувачите ќе имаат електрична алтернатива за секој модел што го произведува, Mercedes незапирливо го шири своето EQ семејство. Во него посебно место е предвидено за бизнис лимузината која под ознаката EQE ќе настапува како електрична алтернатива на Е-класата. Знаејќи ја важноста на овој модел, Германците не оставија многу дилеми каков треба да биде. Основната концепција на возилото одамна е поставена, а сега со електрификацијата и насочена по патот што го трасираше луксузниот EQS. Комбинирајќи ги динамичните перформанси и комфорот во патувањата, новиот EQE, како некогаш и Е-класата, поставува стандарди кои сите други мора да ги следат.

Помалиот број механички компоненти ја надгради атлетската каросеријата со познатиот еднолачен купеовски дизајн со широкоград внатрешен простор. Должината од пет и широчината од скоро два метри е исполнета со едно чудо нови и напредни технологии. Прво што се забележува се трите интегрирани екрани на MBUX Hyperscreen системот со вкупна широчина од дури 141 сантиметар. Предните врати автоматски се отвораат, задната оска е управлива, а ослонувањето може да биде и адаптивно воздушно.

На почетокот на продажбата планирана за средината на идната година Mercedes EQE ќе биде на располагање само во една верзија, со електромотор со 292 коњски сили и максимални 530 њутн-метри вртежен момент. Со едно полнење на литиум-јонските батерии од 90 киловат-часа ќе може да поминат до 660 километри, по што за само 15 минути тие можат да се дополнат со доволно струја за уште 250 километри. Секако, планирани се и други изведби за кои засега се знае дека на располагање ќе имаат батерии со капацитет од 108 киловат-часа и електрични погонски групи со моќност и до 680 коњски сили.

Mercedes EQE ќе се произведува во фабриката во Бремен, а за кинескиот пазар и во Пекинг.