McLaren Elva (со видео) » Губи ли здив продажбата на суперавтомобили?

Top News Видео Занимливости Новитети

Губи ли здив продажбата на суперавтомобили?

McLaren Elva ќе биде произведен во 150 примероци помалку отколку што првобитно беше планирано

Објавено на 5 април 2020 година

Наводно да им задоволат на купувачите кои сметаат дека овој суперавтомобил не е доволно ексклузивен, McLaren ги смени плановите и новиот спидстер Elva нема да го произведе во серија од 399 примероци како првобитно најави, туку светлоста на денот ќе ја здогледаат само 249 од нив. Овој потег на британската компанија гласно го поставува прашањето кое досега сите го помислуваа  но никој не го изговори – ќе запре ли супертрката на суперавтомобилите со суперцени? Таа за Elva е поставена на 1.425.000 фунти, пари за кои првите купувачи при крајот на годинава ќе добијат прекрасен примерок автомобилска уметност ветробранско стакло но со 4,0 литарски V8 твин-турбо мотор кој располага со 815 KS и 800 Nm. Тие со помош на седумстепениот менувач со двојна спојка за помалку од три секунди ќе ги свртат тркалата до 100 km/h, а до 200 за 6,7 секунди. Меѓу другото, McLaren Elva има активен заден спојлер, карбон керамички сопирачки и лесни седишта од јагленородни влакна.

Видео

клучни зборови: ,