Прв од многуте
Хибридниот Ghibli ќе има задача да ја распали електрификацијата на марката
Објавено на 5 јуни 2020 година
Maserati уште во септември минатата година ги откри своите планови за новите модели кои ќе бидат електрифицирани, но ќе ги задржат возните својства типични за марката. Ќе се стартува со хибридните верзии на сегашната гама, од кои прв ќе биде Ghibli. Тој требаше да биде претставен во април годинава на салонот во Пекинг, но немаше можност за тоа. Ниту сега се знае точниот датум на промоцијата, но не е далеку -доказ е ова најавно видео. За него засега е познато само дека ќе има плаг-ин можности и благи корекции во изгледот и внатрешноста.
Видео


