Lamborghini Lambo V12 (со видео) » Ауууу!

Ауууу!

Објавено на 27 ноември 2019 година

Наменет е за Gran Turismo видео играта, но за разлика од другите „конкуренти“ беше претставен како вистински концепт. Во Монте Карло, како што доликува, што само по себе навестува дека во овој хиперавтомобил наменет за виртуелниот свет сепак нешто е реално, опипливо. А тоа е дека Lamborghini Lambo V12 Vision Gran Turismo како што му е ознаката, еден ден можеби навистина ќе може да се вози. Од пролетва тоа ќе биде можно само за оние кои имаат Sony PlayStation PS4, но во блиска зошто не и за останатите што се подготвени да се истргнат неодредена, но во секој случај екстремно висока сума на пари. Исто такви се и перформансите на овој брутален Lamborghini, за чиј дизајн не треба да се трошат зборови. Се работи за едносед со централна возачка позиција задвижуван од хибридизиран 6,5 литарски V12 мотор со максимални 819 KS, кои ќе го забрзаат до 100 km/h за 2,8 секунди и дотераат до максимални 350 km/h. Погледнете го, во секој случај.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER