Kia Sorento » Дигитален поглед „зад ќошето“ (со видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Дигитален поглед „зад ќошето“

Новата дигитална технологија ги елиминира мртвите агли и помага при паркирање

Објавено на 10 мај 2020 година

Освен естетска и информативна, дигиталните инструмент табли добиваат и практична намена – со помош на камери скриени во ретровизорите, возачите на новиот Kia Sorento можат да видат што се крие во мртвите агли. Системот наречен Blind-Spot View Monitor тоа го прикажува преку видео со висока резолуција на инструмент таблата пред возачот помагајќи му да ги избегне опасните ситуации за кои и не е свесен, делувајќи како негов втор пар очи. Sorento е првиот автомобил на Kia што се нуди со оваа напредна технологија за помош при возење. Овој систем е достапен заедно со новата Supervision инструмент табла, која има висока резолуција и дијагонала од 12,3 инчи. Неговото функционирање е едноставно – кога возачот менува лента, на местото на округлиот „инструмент“ на дигиталната табла од соодветната страна накратко се прикажува погледот во мртвите агли на возилото. Сликата доаѓа од дискретните камери скриени во куќиштата на страничните ретровизори на вратата кои обезбедуваат поширок агол на гледање од самите ретровизори за да им овозможат на возачите јасен преглед на скриеното возило.

Оваа технологија Kia ја нуди во Sorento како дел од пакетот кој ги вклучува Surround View Monitor и Parking Collision-Avoidance Assist системите кои овозможуваат помош при возење и при паркирање, заедно со Bose висококвалитетен аудио систем. Овој пакет технологии е достапен за европските возила опремени со функцијата Blind-Spot Collision-Avoidance Assist која им помага на возачите да избегнуваат судир со возила во мртвите агли и интервенираат доколку е потребно. Самата инструмент табла е комплетно дигитална и направена да ги информира возачите што е можно појасно. Со дисплеј со резолуција од 1.920×720 пиксели таа ги заменува конвенционалните инструменти со единечен, лесно читлив дисплеј. Тој уште ги покажува и наведувањето на системот за навигацијата, информациите за аудиото и детални информации за патувањето, како и предупредувања и известувања што се појавуваат поврзани со различните активни технологии за безбедност.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER