Kia Futuron (со видео) » Електричен SUV на иднината

Top News Видео Новитети Поглед во иднината

Електричен SUV на иднината

Оваа студија покажува во која насока ќе оди јужнокорејскиот производител

Објавено на 8 ноември 2019 година

Kia ја покажа својата нова дизајнерска студија со назив Futuron, која според Корејците покажува како би можел да изгледа иден електричен купе кросовер. Oпишан е како спортски автомобил на SUV платформа, заради што има четири електромотори кои му овозможуваат погон на сите тркала и достојни перформанси. Пропорциите му е единствени – долг е 4,850 а висок 1,55 метри. На зголемениот клиренс вообичаен за SUV моделите е надградена витка и издолжена каросерија со дизајн почесто гледан на купе-лимузините. Понова интерпретација на решетката со облик на тигаров нос доминира на предниот дел, визуелно зголемувајќи ја ширината на возилото. Таа вклучува долга тенка светлосна лента и повеќе ЛЕД единици кои функционираат како светла.

За техниката ништо прецизно не е кажано. Има батерии со голем капацитет кои се наоѓаат во подот и способност за автономно возење од четврто ниво. Оваа технологија овозможи кабината да се дизајнира „околу“ патниците, кои можат да се одмораат за време на возењето со комфор како во авионска прва класа. Заради тоа и управувачот се вовлекува во инструмент таблата, која протегајќи се од вратата на возачот навлегува во централната конзола создавајќи изглед на пливачки лак. Панорамскиот покрив е невообичаен, обликуван во облик на дијамант и надвиснува над задниот дел.

Видео

клучни зборови: