Ем виртуелен, ем електричен
Jaguar покажа нов електричен хиперавтомобил наменет за видео играта Gran Turismo Sport
Објавено на 29 октомври 2019 година
Футуристичкиот дизајниран, новиот Jaguar Vision Gran Turismo Coupe е електричен хиперавтомобил кој според производителот е инспириран од богатото наследство на компанијата, пред сé од класичните тркачки модели C-Type и D-Type. Иако е виртуелен и постои само во компјутерскиот свет, Jaguar вели дека овој тркач е задвижуван од три електрични мотори со комбинирани 1.020 KS и 1.200 Nm. Еден мотор е напред, а другите два назад, правејќи го Vision Gran Turismo Coupe способен за забрзување до 100 km/h за помалку од две секунди и постигнување максимални 322 km/h. Направен е на лесна монокок шасија од карбон-фибер композити и напредни алуминиумски легури, со која тежината од 1.400 kg се распределена блиску до перфектните 50:50.
Ако ви е набројувањето на сите овие детали звучи чудно бидејќи се работи за автомобил кој не постои, треба да знаете дека ги отсликува желбите и плановите на Jaguar еден убав ден во иднина нешто вакво навистина да се појави. Дотогаш загреаните за адреналин видео-играчи ќе можат да го симнат од серверите на Sony почнувајќи од крајот на идниот месец. Ние другите пак ќе се задоволиме со ова видео.
Видео