Jaguar Land Rover развива иновативни седишта кои симулираат одење
Стоп за болките во грбот!
Објавено на 20 јануари 2020 година
Колку и да се удобни современите возила, после секое подолго патување голем број луѓе чувствуваат болки во грбот и рамењата. Тоа е заради позицијата на седење неопходна за безбедно возење, која не дозволува многу поместувања на рацете и нозете. За да го спречат заморот, стручњаците на Jaguar Land Rover измислија нов тип на седишта кои симулираат движења на мускулите слични на оние при одење. Овие иновативни седишта се прилагодуваат на анатомијата на телото и во моментов се во фаза на првични тестирања. Дел се од проектот Destination Zero, со кој британскиот производител сака да го унапреди здравјето на своите купувачи. Доколку се покажат успешни, ќе бидат вградувани најпрво во поскапите модели на двете марки.
Видео


