Има 1.156 KS, автономија од 642 km, забрзува до 100 km/h за 2,5 секунди а до 200 за 7,4, постигнува 260 km/h, се полни на 400 KW, а може и безжично
Тоа се дел од бројките што ги пишува во спецификациите на Cayenne Electric, најмоќниот Porsche на сите времиња. Барем на неговата Turbo верзија – основната е поскромна и располага со 442 коњи. Ако читаме понатаму ќе откриеме дека неговите два електромотора всушност испорачуваат 408 коњски сили но со активирање на Launch Control системот краткотрајно се додаваат уште 34. Кај Turbo верзија пак која секако дека нема турбо компресор, стандардно се испорачуваат 857 коњи. За сé да помине во ред електромоторот на задната оска се лади со масло.
Електричната архитектура работи на 800 волти, а за полнење на батериите од 113 kWh од 10 до 80 отсто од со капацитетот требаат само 16 минути. Безжичното индукциско полнење е далеку побавно – подржува скромни 11 kW моќност. Потрошувачката на струја се намалува со системот за регенерација моќен дури 600 kW и способен 97 отсто од сите кочења да искористи за полнење на батериите.
Во поглед на дизајнот се дистанцира од бензинскиот модел и повеќе наликува на Macan. Во должина брои 55 милиметри повеќе и оди до вкупно 4.985, во широчина 1.980 а меѓуоскиното растојание му е скоро 13 сантиметри подолго. Покрај предните и задните седишта се електрично подесливи, во багажникот собира 781 литри плус уште 90 напред а може да влече приколка до 3,5 тони. Во кабината изгледа како вистински Porsche иако дизајнерите не останаа имуни на трендот на пораст на големината и бројот на дисплеи. За среќа аналогните контроли за климатизација и гласноста на аудио системот се задржани.
Може да се нарача уште сега, по цена од 105.200 односно 165.500 евра за Turbo верзијата а со испораките ќе се стартува налето идната година.










































































