BYD Atto 3 Evo

Три години по лансирањето BYD сеопфатно го модернизираше електричниот Atto 3 за европскиот пазар. Со додавка Evo во ознаката овој компактен кросовер има изглед со помеки стилски елементи и нова технологија базирана на ревидираната 800-волтна архитектура. Клучна промена е што електромоторот сега е сместен на задната оска а достапна е и верзија со погон на […]
BMW – Нови работници во Лајпциг

Хуманоидните роботи ќе склопуваат батерии Најавени како „Физичка вештачка интелигенција“, роботите ќе бидат распоредени на неколку работни позиции во фабриката во Лајпциг. Засега во фаза на тестирање, но до крајот на годинава BMW ќе ги користи роботите на AEON за склопување компоненти и високонапонски батерии. Ова не е новост во фабриките на BMW. Претходно во […]
Škoda Superb PHEV – Најсилна, но не најбрза

Знаменосецот, благодарение на приклучниот хибрид, стана најсилната верзија на куќата со бензински мотор. Одлично прифатената лимузина Superb доби надградба. Се работи за софтверско засилување кое од 1,5 литрениот TSI мотор сега извлекува 177 КС и со електро-моторот од 116 коњи напојуван од батерија со капацитет од 25.7 kWh постигнуваат системски 272 КС и 400 Nm. […]
MG Majestor – Индиски премиум

Моделите на MG не се популарни само за европските купувачи Mарката која во Индија настапува под своето традиционално име Morris Garages го претстави големиот теренец Majestor. Изведен на техничка основа на кинескиот Maxus Territory тој претставува перјаница во понудата и со својата должина од преку пет метри и тежина од 2,4 тони доминира во класата. За […]
Peugeot 9X8 – Нов имиџ за новата сезона

Peugeot Sport го претстави новиот изглед на своите болиди #93 и #94 за годинешната сезона во Светското првенство на издржливост на FIA (WEC) Пред првата трка долга вкупно 1.812 километри закажана за 28 март во Катар, Peugeot го претстави новиот изглед на Peugeot 9X8 изработен во блиската соработка помеѓу Peugeot Design и Peugeot Sport. Впечатливата […]
Astron H2Starfire – Враќање во иднината

Додека големите се откажуваат од водородните технологии, сосема непознатата компанија со звучно име Astron Aerospace тврди дека има развиено револуционерен мотор на овој вид погонско гориво! И тоа до толку што е тешко да се поверува – според нив овој во некоја основа ротационен агрегат со тежина од 54 килограми се врти до 25.000 вртежи […]
Hyundai Vision Pulse – Ангел чувар

Групацијата Hyundai работи на нови технологии за детектирање и спречување на опасни ситуации во кои можат да се најдат велосипедистите и пешаците, посебно децата. Наречен Vision Pulse, овој систем се базира на безжична детекција со помош на широкобранова комуникација со висока точност на лоцирање до десет сантиметри и домет од 100 метри без оглед на […]
Alfa Romeo – Quadrifoglio се враќа во игра

Откако Alfa Romeo реши да ги врати дизел моторите за Giulia и Stelvio, сега се враќа и верзијата Quadrifoglio со 520 КС. Вистинските „Алфисти“ ја чекаа оваа одлука како жеден вода. Само малкумина ќе имаат доволно пари да уплатат на контото во Милано за да седнат зад управувачот на изданијата закитени со детелинката со четири […]
Горивата поскапуваат за 1,24%

Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24%. Поради тоа, од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за половина денар по литар, а додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за денар по литар. Од полноќ во малопродажбата ќе важат следните […]
Lepas – Нов кинески бренд во Европа

Можеби како подготовка за своето производство во Шпанија а можеби како дел од промената на стратегијата за идниот настап во Европа, Chery ќе започне со продажба на моделите од својата марка Lepas. За почеток само во Британија каде кинескиот производител веќе има забележливи резултати на пазарот а потоа и низ целиот континент. Воспоставена лани, оваа […]