Mercedes-AMG – Империјата го возвраќа ударот

После излетот во четирицилиндричните води, Mercedes-AMG се враќа на корените и најавува V8 револуција.

Од компанијата молчешкум потврдуваат дека критиките на јавноста беа оправдани и дека од возилата со оваа значка оправдано се очекува да имаат поголеми агрегати, погласен звук и емоционален дизајн.

Враќањето на она што AMG некогаш беше се очекува да започне при крајот на годината, најпрво низ кросоверските модели а потоа и во остатокот на понудата. Главен протагонист ќе биде новиот V8 агрегат кој покрај недвосмислените перформанси ќе ги задоволува и современите еколошки норми.

Истовремено неомилениот четирицилиндричен плаг-ин хибрид постепено ќе се повлекува од клучните модели.

На неговото место доаѓа редниот шестцилиндричен турбо со 450 коњски сили кој веќе се користи во GLC 53.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER