Милан Недељковиќ го замени Оливер Ципсе на кормилото на Баварците
Оливер Ципсе ја предаде позицијата претседател на Управниот одбор на BMW AG на д-р-инж. Милан Недељковиќ. Ципсе го завршува својот мандат во Управниот одбор како што е планирано, по вкупно 35 години во компанијата.
Целиот Надзорен одбор изразува искрена благодарност до Оливер Ципсе за неговиот извонреден придонес во BMW Group. На негово конто оди досегашниот развој на BMW Group и неговото име ќе биде тесно поврзано со NEUE KLASSE, како централен проект на BMW ориентиран кон иднината.
Неговиот наследник, Милан Недељковиќ, е член на Управниот одбор на BMW AG од 2019 година и одговорен е за производството. 57-годишникот ја започна својата професионална кариера во компанијата во 1993 година како практикант и има богато меѓународно искуство.
Недељковиќ имаше различни менаџерски позиции, вклучително и во фабриките во Оксфорд, Лајпциг и Минхен, како и раководител на одделот за корпоративен квалитет. Неговиот договор како претседател на Управниот одбор е со важност до 2031 година.


