Chery го одбележува Денот на ракометот!
Во недела, од 14:00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ ќе има добра атмосфера. Таму ќе се обединат две големи страсти, спортот и автомобилите. Ракомет и Chery Auto, тоа е совршена комбинација за да се оттргнеме од секојдневието. дела исполнета со спорт, дружење и забава. Гранд Ауто како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија ќе биде дел од „Денот на ракометот“ со своја изложбена зона и актуелни Chery модели.
Посетителите ќе имаат можност одблиску да ги разгледаат возилата на Chery Auto, да се запознаат со новитетите на брендот и да уживаат во спортската атмосфера која традиционално ги обединува љубителите на ракометот. Покрај ракометниот натпревар и богатата програма, Chery Auto подготви и подароци и изненадувања за посетителите, со цел овој ден да биде уште поинтересен и повозбудлив за сите генерации. Гранд Ауто ги поканува сите љубители на спортот, ракометот и автомобилите да се придружат и заедно да создадеме одлична атмосфера исполнета со енергија, навивање и позитивни моменти.
Се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!


