BMW i4 (со видео)» Помоќен од M3, побрз од…

Top News Занимливости Новитети Поглед во иднината

Помоќен од M3, побрз од…

На новиот i4 ќе чекаме уште година ипол до две, а дотогаш…

Објавено на 12 декември 2019 година

Ај да почнеме поинаку – кога електричните возила се во прашање, барем оние „нормалните”, максималната брзина не игра улога бидејќи често електронски е ограничена. Заради тоа забрзувањето го презема приматот при илустрирањето на перформансите, а кога е во прашање идниот i4 на BMW тоа до сто на час треба да се случи за четири секунди. Тука доаѓаме до M3, кој ја има истата бројка во соодветната графа на техничките податоци. Ама тој во својата најсилна изведба располага со 450 коњи, а идниот i4 ќе ги има на располагање 530. За да не останеме должни, иако сé уште е во фаза на развој, ќе кажеме дека максималната брзина што ќе може да ја развие е проектирана на 200 km/h. Тоа е заради заштеда на батериите кои тој треба да ги има со капацитет од 80 kWh. Тие треба да му обезбедат автономија од сосема солидни 600 километри, притоа овозможувајќи на брз полнач да се освежат до 80% од капацитетот за 35 минути. Или, поинаку кажано, за 6 минути да се наполнат за уште 100 километри.

Дотука сé звучи идеално, но оние работи кои не се такви, BMW ги сокри од нас. Првата е цената, а втората дека на електричниот i4 ќе чекаме уште година ипол до две. А дотогаш на сите заинтересирани ќе им биде на располагање BMW M3, кој во Германија се продава за 62 илјади евра.

Видео

клучни зборови: ,