De Tomaso – емигрира во Америка

Италијаните ќе ја бараат среќата во дијаспората

објавено 26 октомври 2020

Оживеаната италијанска марка спортски автомобили De Tomaso ги преместува своите деловни активности во САД. Моделот P72, кој беше претставен минатата година, треба да се изработува таму од четвртиот квартал на 2022 година. За овој чекор, компанијата ги споменува и блиските корени на брендот во земјата на слободните. Скоро сите модели на De Tomaso од 1959 година се напојуваат со мотори на Ford. За P72, изборот падна на 5,0-литарски V8 со суперполнач. Со помош на тјунер, моќноста на моторот треба да се зголеми на повеќе од 700 коњи. Да нема заблуди, зад славното италијанско автомобилско име сега стои Кинеска компанија. Сега ве оставаме да уживате во фотографиите на ова ремек-дело.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER