Најевтиниот Volkswagen на светот (со видео)

Top News Видео Занимливости

Најевтиниот Volkswagen на светот

Објавено на 3 јануари 2020 година

Volkswagen Буба дефинитивно отиде во пензија. Можеби ќе се врати како електричен модел, но дотогаш ќе важи за еден од автомобилите кои ја креирале историјата на автомобилизмот. И еден од најевтините, иако во денешно време има сериозна конкуренција. Дури и од сопствените редови, иако моделите на народниот производител одамна не се евтини.

Сепак тоа не важи за земјите од третиот свет во кои спаѓа и Индија, каде оваа марка го нуди моделот Ameo. За него можеме да кажеме две работи. Првата е дека таму пресметано чини 7.300 евра. Втората е дека и кај нас би се нашле луѓе кои би го купиле бидејќи во основа е седан изведба на една од поранешните генерации на Polo. Поточно, направен е на основа на PQ25 платформата од претходната генерација на Polo што ние го познаваме. Долг е нешто под 4 метри, има багажник од 330 литри и што е битно за земјите како Индија, клиренс од 165 mm. Во гамата се два агрегати, 1,0 литарски MPi трицилиндричен бензинец со 76 KS и мануелен 5-степен менувач и 1,5 литарски TDi мотор со 110 KS кој опционално е достапен и со DSG пренос. Оние кои ги интересира ќе кажеме дека дизелот чини 8.750 евра. Во зависност од верзијата, во опремата меѓу другото се наоѓаат и темпомат, преден наслон за раце, инфотаинмент систем со MirrorLink поддршка, Bluetooth, задни паркинг сензори, задна камера…

Доколку ве интересира повеќе, можете да дознаете на следниот линк.

Видео

клучни зборови: ,