И Sony со свој електромобил (со видео)

Top News Видео Занимливости Новитети

И Sony со свој електромобил

Јапонската компанија на јавноста и претстави прототип на автомобил во кој се вградени нејзини производи наменети за автомобилите

Објавено на 8 јануари 2020 година

На општо изненадување, електронскиот гигант Sony на саемот на потрошувачка електроника CES во Лас Вегас претстави електричен автомобил. Идејата да се створи дојде од тоа да се покаже што сé јапонската компанија произведува за автомобилите. Така овој концепт во себе има 33 сензори, камери и радари кои му овозможуваат асистирано возење. Со технологијата на Sony тој ги препознава патниците во возилото и им овозможува со гестикулации да управуваат со забавно-информативните системи во него. Тука се и сензорите со кои се врши анализа на патот, како и контролната табла и широкиот панорамски екран. За овој концепт наречен Vision S извршниот директор на Sony Кеничиро Јошида рече дека ќе придонесе да ги интензивираат нивните настојувања да дадат придонес на иднината на мобилноста. Најважното сепак не го кажа – дали планираат да го произведуваат. Платформата најверојатно му потекнува од Magna и има пар електромотори од 200 kW кои му овозможуваат да забрза до 100 километри на час за 4,8 секунди и да постигне максимални 239 km/h. Во неговото создавање, Sony имаше помош и од Bosch, Continental, NVIDIA, Qualcomm и други компании.

Видео

клучни зборови: