До каде оди генијалноста на Елон Маск » Tesla собра 200.000 резервации за Cybertruck!

Tesla собра 200.000 резервации за Cybertruck!

Сите си играат мајтап со Маск и блиндираните стакла на Tesla Cybertruck, но тој веќе собра 200.000 резервации за новиот пикап

Објавено на 26 ноември 2019 година

Елон Маск, познат како милијардер од своите бизниси во Tesla, SpaceX и другите, отсекогаш знаел како да ја испровоцира јавноста. Во својот најнов поход тој тоа го направи на два начина – на претставувањето на пикапот Cybertruck за чиј дизајн сите се изјаснија дека е голема утка, демонстрацијата за блиндираните стакла тргна наопаку и тие здраво испукаа, со што акциите на Tesla уште поздраво паднаа – се проценува дека самиот Маск загубил преку 700 милиони долари. Затоа и јавноста му се смееше, но кисело – пикапот на Tesla за пар денови собра резервации од 200.000 потенцијални купувачи. Вистината е дека за тоа тие требаше да платат само 100 долари кои можат да се повратат во секое време, но 200 илјади се 200 илјади. Така, сакале ние да признаеме или не, Маск уште еднаш докажа дека е генијалец во секоја смисла, најмногу во терањето профитабилен бизнис – додека ние се занимававме со стаклата на Cybertruck, неговите вработени не можеа да стигнат да ги прокнижат нарачките за него, заборавајќи на сите критики на неговиот дизајн.

Понатаму, треба да се каже и дека 41% од заинтересираните се одлучиле за најскапата изведба, 42% за средната а само 17% за основната која чини 39.900 долари. Малку поконкретно кажано, Tesla веќе има примено нарачки за Cybertruck во вредност од 11,2 милијарди долари. Па, кој сака, нека му се смее на Маск за стаклата.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER