Од лудо, полудо
Електричен Land Cruiser возел седум километри под вода
Струјата и водата не одат заедно, но очигледно некои не мислат така – тим Австралијци со Land Cruiser од серијата 40 конвертиран во електричен автомобил возеше под вода, притоа поставувајќи светски рекорд за најдолго и најдлабоко подводно возење. За сериозноста на потфатот кажува тоа дека тимот составен од бројни машински инженери, нуркачи и други стручњаци специјално за ова го имаат подготвено стариот теренец од 1978 година. Моторот, контролерот и батериите се инкапсулирани во силиконско масло, а гумите се наполнети со вода за да го издржат притисокот и за да не го подигаат возилото од дното.
Напорите сепак се исплатеа – со бројни проблеми заради калливата подлога, возачите, вкупно 30 на број, менувајќи се на секои 15 минути, после 12 часа успеаја во пристаништето во Дарвин да поминат седум километри и да достигнат длабочина од 30 метри.


