Светот има нов брзински рекордер (видео)

Yangwang U9 Xtreme постигна 496,22 километри на час

Кинескиот Yangwang U9 им зема мерка на Bugatti, Koenigsegg и другите постигнувајќи 496,22 километри на час. За оваа брзина постигната на патеката Папенбург во Германија заслужна е монструозната технологија на електричниот тркач. Неговите четири електромотори развиваат неверојатни 3.019 коњски сили за чие кротење шасијата е посебно подесена. За стабилноста се грижи и напредната аеродинамика а електрониката ја контролира испораката на сила и до сто пати во секунда.  Интелигентното ослонување поединечно ги подесува параметрите на секое тркало овозможувајќи беспрекорен контакт со асфалтот при нагли забрзувања и возење низ свиоци. И пневматиците се посебни а за намалување на тежината каросеријата е направена од јагленородни влакна.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER