VW математика » Зошто ID.3 ќе чини исто колку и споредлив Golf?

Top News Занимливости Новитети

Зошто ID.3 ќе чини поевтино од споредлив Golf?

Бензин, дизел или струја – со ID.3, Volkswagen направи споредбата да биде беспредметна

Објавено на 13 март 2020 година

Уште при лансирањето на ID.3 Германците кажаа дека тој ќе чини колку и споредлив Golf, а сега образложувајќи го тоа докажаа и дека тој всушност ќе биде поевтин. Прва ставка од која тргнаа е цената, која таму за основната верзија со батерии од 45 kWh и автономија од 330 km ќе чини 23.430 евра. Во неа се вклучени и субвенциите од 6.570 евра што ги одобрува владата. Така ID.3 уште на стартот е поевтин отколку Golf 1.5 TSi со 130 или 2.0 TDi со 115 коњски сили. Споредувањето понатаму продлжува со месечните трошоци за гориво, одржување, осигурување и друго 70 евра, што е годишна заштеда од 840 евра. Понатаму секој може да си ја направи математиката по своја желба, во зависност од тоа колку години планира да го чува автомобилот. Единствено во неа што е непознато е за колку тогаш ќе може да се продаде половниот ID.3.

Volkswagen ќе го лансира овој електричен модел лето и тоа со истовремена испорака на купувачите на сите 30.000 примероци од првата едиција.

 

клучни зборови: ,