VW вети 22 милиони електрични возила

VW вети 22 милиони електрични возила

Во наредните 10 години Volkswagen групата ќе лансира дури 70 електрични модели

Објавено на 15 март 2019 година

Првобитниот план на Volkswagen групата за 50 електрични модели на автомобили во наредната деценија стана уште поамбициозен. Имено, на годишната конференција за медиумите управата на гигантот од Волфсбург објави дека до 2028 година ќе лансираат дури 70 нови електрични автомобили. Првиот од нив ќе биде хечбекот I.D. за кого преднарачки ќе започнат да се примаат во мај. Тој ќе биде претставен во Франкфурт, а производството ќе му започне во ноември.

Со оглед на значително зголемените планови, нарасна и проекцијата за количините на електрични возила што треба да се произведат. Така место порано споменатите 15 милиони кои погрешно беа протолкувани како 50, од погоните на Volkswagen групата во наредната деценија ќе излезат 22 милиони електромобили. Тие ќе бидат поддржани со инвестицискиот циклус од 30 милијарди евра наменети за наредните пет години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER