Волшебното самарче
Опишувајќи го како off-road работен коњ, Honda најверно ги демонстрираше можностите на својот најнов концепт
Објавено на 10 јануари 2018 година
Подготвувајќи автономен квадрицикл, Honda реши да ги впрегне своите експериментални технологии во функција на човештвото. Со ознака како од серијалот Војна на ѕвездите, овој флексибилен концепт има способност сам да се снаоѓа во беспаќата. Погонот му е електричен на сите четири тркала, на кои се монтирани практично неуништливи гуми без воздух. Замислен е да им помага на луѓето во широк спектар активности. На него можат да се монтираат разни додатоци со кои ќе ги извршува работите што ќе му се зададат. Роботиката и вештачката интелигенција ќе го водат низ опасните задачи, како спасувачките мисии или гаснењето шумски пожари. Потенцијалот што го има практично е неограничен, во што своја функција има и заменливиот пакет батерии. Како дел од дел од серијата четири високопрактични решенија за иднината, овој концепт е настанат во американскиот развоен центар на Honda.
видео