Автономија од 500 km
Првиот електричен SUV на Volkswagen на почетокот ќе има погон само на задните тркала
Објавено на 3 март 2020 година
Без многу помпа за разлика од порано, Volkswagen го покажа својот прв електричен SUV кој како што се претпоставуваше ќе ја носи ознаката ID.4. Со компактни димензии и користење на механиката од ID.3 тој на почетокот ќе биде лансиран само со заден погон но подоцна ќе пристигне и верзија со четири погонски тркала. Тој во моментов се води како претсериска верзија, што значи дека сé уште се можни измени. Сепак јасно е дека е многу блиску до производствената изведба која ќе биде претставена годинава. Дизајнот му е препознатлив и посебно аеродинамичен, а смалениот коефициент на отпор на воздухот ќе му ја зголеми автономијата на 500 километри. За разлика од ID.3, ќе се продава и произведува во Европа, Кина и САД. Техничките карактеристики засега не се познати.



