Volkswagen Golf VIII » Сепак во октомври?

Top News Новитети Поглед во иднината

Сепак во октомври?

Објавено на 31 мај 2019 година

Можеби веќе се знае како ќе изгледа, но сé уште никој не знае кога ќе биде покажан – екстремната популарност на Volkswagen Golf му овозможува да ги држи напнати живците на милиони со постојано нови гласини околу терминот на неговото официјално појавување во јавноста. Овој пат, наводно со голема доза на сигурност, се тврди дека тоа сепак ќе биде октомври. Извори на оваа информација имало повеќе, сите од Волфсбург. Според нив, тогаш производството веќе треба да му биде започнато.

клучни зборови: ,