Volkswagen Golf VIII пристигнува на 24 октомври

Volkswagen Golf VIII пристигнува на 24 октомври

Германците конечно открија кога новиот Golf ќе биде претставен

Објавено на 4 октомври 2019 година

Забележете го 24 октомври со големи букви во вашите роковници – тогаш Volkswagen ќе го претстави новитетот на годината, да не кажеме на деценијата. Настанот ќе се одржи во Волфсбург во 16 часот попладне според Гринич односно 18 часот според наше време, под слоганот „Животот се случува со Golf“. Тогаш светот ќе дознае дека осмата генерација на европскиот бестселер ќе направи голем технолошки исчекор. Ќе преовладуваат дигитализацијата и поврзаните системи за асистенција, а моторната понуда ќе биде електрифицирана. Конкретно се споменуваат 48-волтни меки хибридни системи и за бензинските и за дизел моделите, додека заради ID.3 целосно електричната верзија ќе биде укината. Караванската како и GTi и R верзиите ќе останат во понуда, но не е извесно дали ќе се нуди и со три врати и во полу-моноволуменската Sportsvan изведба. Ќе биде поставен на нова верзија на платформата означена како MQB Evo, а дизајнерски нема многу да се разликува од сегашната генерација. Покрај бројните шпионски снимки, како доказ треба да ни послужи оваа една единствена официјално објавена фотографија од тестирањата на новиот Golf.

Како дополнување на ова треба да ве известиме и дека презентацијата на новата Škoda Octavia е закажана за 11 ноември, а набргу ќе следат и новите Audi A3 и Seat Leon. Од март 1974 година кога се појави, досега од сите генерации на Golf се продадени 35 милиони примероци. За Европа ќе се произведува во Волфсбург, а караванот во Цвикау.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER