Volkswagen Golf 8 пристигна кај нас, заедно со Porsche Taycan

Top News Македонија Новитети

Volkswagen Golf 8 пристигна кај нас, заедно со Porsche Taycan

Новиот владетел на европскиот веќе е достапен и во Македонија, а истовремено и првиот електричен модел на Porsche

Објавено на 25 февруари 2020 година

Три месеци по светската премиера, еден месец по почетокот на продажбата во Германија и први во Југоисточна Европа, македонските купувачи го добија новиот Volkswagen Golf. Овој модел и кај нас уште од времето важи за успешен автомобил и затоа со нетрпение се очекува секоја наредна генерација на деценискиот европски бестселер. Осмата по ред се карактеризира со новите технологии кои му донесоа целосна дигитализација, но воопшто ги нема загубено познатите квалитети по кои се ценеше. Така интуитивноста е надградена со нова димензија базирана на системите за асистенција на возачот. Еволуцијата започната пред 45 години продолжува со наново поставување на стандардите во класата која го носи негово име, која генералниот директор на Порше Македонија Златко Муцунски ја потврди со 35-те милиони купувачи кои Golf ги освои во своите досегашни седум генерации. Оваа најновата ќе продолжи со засилено темпо благодарение на големиот скок што го прави, што дизајнерски не може да се забележи на прв поглед.

Тоа впрочем според зборовите на бренд менаџерот на Volkswagen Владимир Димитровски е резултат на стратегијата на марката која налага Golf секогаш да остане Golf бидејќи основниот концепт е безвременски и го дефинира брендот со децении. Сепак факт е дека новиот Golf 8 ја прави одржливата мобилност достапна за многу луѓе, иако во прв момент тие ќе бидат резервирани заради стартната цена која кај нас изнесува скоро 25.500 евра. Но тоа се однесува за засега достапните верзии на кои во иднина ќе им се придружат и подостапни изведби. Сепак за кои и да зборуваме, сите ќе можат да се пофалат со подобрена економичност и до 17% и технологии кои во секој случај ќе ја оправдаат цената.

Заедно со новиот Golf во Македонија пристигна и Porsche Taycan. Како претставник на едно ново време тој со својот електричен погон ќе ја предводи иднината на марката од која во наследство ги доби спортските но елегантни линии. Зад перфектната аеродинамика се крие модерен и софистициран ентериер, во кој тишината владее. Истото се случува и кога ќе се дознае неговата цена, која кај нас наближува до двесте илјади евра.

клучни зборови: , , ,