Volkswagen (засега) нема да ја гради фабриката во Турција

Volkswagen (засега) нема да ја гради фабриката во Турција

Објавено на 15 октомври 2019 година

Volkswagen ја одложи финалната одлука за градење на нова фабрика за автомобили во Турција. Неа управниот одбор на германскиот производител требаше да ја донесе чисто формално бидејќи преговорите со властите беа завршени, а подготовките започнати со формирањето сопствена компанија во областа Маниса со основачки капитал од 150 милиони евра. Но последните настани односно воената акција на турските вооружени сили во Сирија го спречија тоа – во концернот сметаат дека во вакво опкружување не може да се донесе одлука која би имала економска и финансиска корист за Турција. „Управниот одбор ја следи актуелната ситуација доста внимателно и со голема загриженост гледа на нејзиниот развој“, изјавија функционерите на Volkswagen. Тие сепак беа претпазливи и можност да се променат плановите за тоа во која земја ќе се гради сепак не споменаа, иако ништо уште не е официјално додека не се донесе очекуваната одлука за тоа. Во Волфсбург долго време анализираа каде во југоисточна Европа ќе се гради новиот погон во кој според последните информации ќе се произведуваат Volkswagen Passat и Škoda Superb и одлуката во корист на Турција беше скоро сигурна.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER