Volkswagen го одложи електричниот ID.4

Top News Занимливости Новитети

Volkswagen го одложи електричниот ID.4

Објавено на 10 февруари 2020 година

Првобитно најавена за април, Volkswagen ја одложи премиерата на кросоверскиот ID.4 за јуни, без објаснување зошто е направено тоа. Поместувањето од само два месеца чуди, посебно што германскиот гигант сериозно се подготвува за претстојната електрификација во која ID.4 ќе има значајна улога. Тој за разлика од хечбекот ID.3 ќе биде пласиран на американскиот пазар, за што веќе се подготвува негово производство таму. Овој компактен кросовер како маскиран прототип веќе беше покажан лани есента на салонот на автомобилите во Франкфурт. Како концепт претходно го видоа и Кинезите, каде исто така ќе се произведува. Ќе биде базиран на ID Crozz, со добар дел од компонентите наследени од ID.3. Се очекува топ-изведбата да има електромотори на двете оски – напред со 100 а назад со 200 коњски сили. Од порано познатите информации се проектира да има автономија од околу 500 километри. Цените досега не се спомнати.

клучни зборови: ,