Volkswagen го најави обновениот Tiguan

Top News Новитети Поглед во иднината

Volkswagen го најави обновениот Tiguan

Секои 35 секунди во светот Volkswagen се продава по еден Tiguan

Објавено на 17 април 2020 година

Пофалувајќи се со успесите на Tiguan кој стигна до 6.000.000 продадени примероци, Volkswagen објави дизајн скица на неговата обновена генерација. На неа се гледа дека после три години во производство овој модел ќе добие модификуван преден дел со дотерани светла и маска и изменет преден браник. Корекции треба да има и назад, а се очекува и  модернизација на внатрешноста со нов управувач, поквалитетни материјали и нов инфо-забавен систем. Се знае нешто и за измените во гама мотори. Според некои извори спортска R верзија ќе биде задвижувана со 2,0 литарски турбо мотор со повеќе од 300 KS, во пакет со DSG менувач и погон на сите тркала. Volkswagen подготвува и верзија на Tiguan со плаг-ин хибриден погон, најверојатно истиот од Passat GTE, што би значело 215 KS, батерии од 13 kWh и електрична автономија од 56 km. Премиерата ќе се одржи во текот на летото, и тоа прво во стандардната верзија со пет седишта, додека обновениот Tiguan Allspace со седум седишта ќе пристигне малку подоцна.

Во моментов Tiguan се произведува во Германија, Русија, Кина и Мексико и лани од него глобално беа продадени 910.926 примероци.

 

клучни зборови: ,