Volkswagen го испорача 100-илјадитиот примерок на e-Golf
Во моментите додека го очекуваме претстојниот ID.3, VW извести за производствениот успех на електричниот Golf
Објавено на 29 ноември 2019 година
Веста дека Volkswagen го испорачал 100-илјадитиот примерок на e-Golf нé изненади. Искрено, никој не очекуваше дека електричната верзија на европскиот владетел на тронот стигнала до таква бројка купувачи. Се појави во 2011 година, а сериското производство му започна три години подоцна. Располага со електромотор од 136 коњски сили и има автономија од 230 километри. Според зборовите на Холгер Б. Зантел кој во Volkswagen е одговорен за продажба и маркетинг за Германија, годинава до октомври од e-Golf се произведени 27.900 примероци. Најголеми пазари за него се Норвешка, Германија, САД, Велика Британија и Холандија. Јубилејното возило е испорачано на купувач од Германија.