Елон Маск најави :: Во јули доаѓа Tesla Model 3 со два електромотора

Занимливости Новитети

Во јули доаѓа Tesla Model 3 со два електромотора

И покрај проблемите со производство, Tesla се труди да се придржува до плановите за лансирање на новите верзии на Model 3
Објавено на 10 април 2018 година

Директорот на компанијата Tesla, Елон Маск, го најави појавувањето на Model 3 со два електромотора и погон на сите тркала. Одговарајќи на прашање поставено преку твитер, тој како најверојатен датум го спомена јули, сепак условувајќи го со постигнување на производство од 5.000 примероци на Model 3 неделно. Но и тоа беше условно кажано бидејќи новите верзии ќе се појават само ако додавањето на сложените системи нема да ја закочат производствената лента. Со нив Model 3 ќе добие поголема автономија и подобро забрзување, но и поголема цена. Аналитичарите сепак се уверени дека купувачите нема многу да се двоумат да платат по повеќе од 50.000 долари за добро опремена верзија на Модел 3 со два електромотора и погон на сите тркала.

клучни зборови: , , , , ,