Audi :: Успешната приказна (засега) без крај

Успешната приказна (засега) без крај

Приказната за Audi не води само од A1 до Q8 – таа мора да помине и преку E-Tron
Објавено на 27 јуни 2018 година

„Си бил еднаш еден…“ – вака започнуваат сите приказни. Крајот не им го знаеме, но се надеваме дека е среќен. Истото го мислеа и во Audi, кои за годинава со новиот A1 Sportback и сосема новиот SUV Q8 планираа значително зајакнување на позициите. Но, не испадна така – им го уапсија директорот заради што лансирањето на напредниот E-Tron мораше да биде одложено. Иронијата е во тоа што Audi се гордее со долгодеценискиот слоган Vorsprung Durch Technik – напредок преку технологијата, кој иако во последно време изоставен од комуникацијата со купувачите, сé уште се почитува. Доказ за тоа се сите споменати – и A1, и Q8, а посебно E-Tron. За жал, токму тој падна како колатерална жртва на дизел-опашките од минатото, иако требаше да раскрсти со него. Навистина штета, зошто со овој модел Audi дефинитивно ќе покажеше дека местото не му е меѓу дизелите, туку во напредната електрична технологија.

Но што е, тука е – продажбата на A1 Sportback ќе започне на есен, на Q8 исто така, а на долго очекуваниот и најавуван E-Tron ќе мора да почекаме – заради организациски проблеми, како што велат во Audi. Првобитно беше најавено дека електричниот SUV ќе биде претставен на 30 август на Audi Summit настанот во Брисел, каде и ќе се произведува. Но според последните вести овој настан ќе се одржи во САД – кога и каде не се знае. Исто не е познат ниту новиот термин за презентацијата на E-Tron. Од компанијата директно не ги поврзуваат настаните еден со друг, но факт е дека сето ова се случува многу кратко време по апсењето на нивниот директор.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER