Убаво, но скапо задоволство
Презентирајќи ги снимките од зимските тестирања, Polestar ги објави и конечните цени на својот прв модел
Објавено на 28 април 2018 година
Цените на Polestar 1 се повеќе или помалку очекувани – 155 илјади долари за Американците и исто толку евра за Стариот Континент. Најавено е и дека во иднина купувачите ќе можат да се претплатат на автомобилот на две и тригодишен период на користење, без конкретни детали за понудата. Овој прв модел на шведско-кинеската копродукција на Volvo и Geely располага со хибриден погон со 600 коњски сили и максимални 1.000 њутн-метри вртежен момент. Елегантната купе каросерија е базирана на механиката на моделот S90, од која 50 отсто од компонентите се разликуваат. Најмногу заради употребените јагленородни влакна при нејзината конструкција, кои обезбедуваат за 45% поголемата торзиона крутост и 230 килограми помалата тежина. Електричната автономија му изнесува дури 150 километри, а перформансите се за секоја почит.
Производството на Polestar 1 како што му е ознаката, ќе започне идната година во Кина. Првобитно беше планирана серија од околу 500 примероци годишно, која заради големиот интерес е удвоена. После него ќе следат уште два модела на ова марка – седан и кросовер кои нема да бидат хибридни туку електрични.
видео