Toyota Harrier (со видео) » Луксузна алтернатива на RAV4

Луксузна алтернатива на RAV4

Toyota ја претстави новата генерација на SUV моделот Harrier

Објавено на 14 април 2020 година

Наменет само за Јапонија, SUV моделот Harrier на Toyota стигна до четвртата генерација. Тој иницијално настана како верзија на Lexus RX за домашниот пазар, во време кога оваа марка не се продаваше таму. Но од третата генерација се издвои како посебен модел базиран на платформата на RAV4 и настапуваше како негова луксузна верзија. Таков е и сега и во оваа генерација која ќе започне да се продава од јуни ќе ги има неговите погонски склопови. Дволитарскиот бензинец располага со 171 KS и се нуди со погон на две или четири тркала. Хибридниот 2,5 литарски мотор кој заедно со електромоторот нуди вкупно 218 KS во изведбата со погон на две, односно 222 ако има погон на сите тркала, а сите верзии доаѓаат со CVT менувач.

Harrier е долг 4.740 mm, широк 1.855 mm и висок 1.660 mm, додека меѓуоскиното растојание му изнесува 2.690 mm. Сериски доаѓа со 19-инчни тркала, а растојанието од тлото е 195 mm. Во внатрешноста преовладува кожата, а тука е и 12,3 инчен централен дисплеј од мултимедискиот систем кој поддржува Android Auto и Apple CarPlay. Може да се нарача и со JBL премиум аудио систем со 9 звучници, а има и голем панорамски покрив. Овој модел е направен првенствено според барањата на Јапонците и иако ќе се најде во продажба и на уште некои азиски пазари, најави за доаѓање во Европа засега нема.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER