Jeep Wrangler Rubicon 392 Final Edition – Збогум HEMI

Chrysler реши докрај достоинствено да го испрати Hemi моторот во пензија. После Charger и Challenger на Dodge и Jeep Wagoneer, сега и Wrangler со специјална серија ќе се прости од него.

Со тоа ќе останат само Grand Cherokee и Dodge Durango да го чуваат уште некое време наследството на големиот V8 агрегат. И во овој случај достоинството се огледува во содржината на моделот но повеќе во неговата цена која се искачува преку сто илјади долари. За тие пари ова скапоцено издание на теренската легенда ќе биде во центарот на вниманието каде и да се појави, најмногу секако со своите 6,4 литри работна зафатнина.

Од нив се извлечени 470 коњски сили кои преку осумстепениот автоматски менувач ќе го лансираат до 96 километри на час за само 4,5 секунди. За да сета таа сила се издржи на терен направени се некои механички модификации кои вклучуваат зголемен клиренс за околу за два сантиметра, поголеми и поцврсти заштитни плочи под возилото и 17-инчни тркала со бронзени акценти.

Дизајнерски измени однадвор скоро и да нема, а внатрешноста е дополнета со нови кожени седишта и опрема за која кај останатите верзии на Wrangler треба да се доплати. Приказната за тоа што сé содржи ќе можат да ја раскажуваат купувачите дискриминаторски поделени на 3.300 во Соединетите Американски Држави, 300 во Канада и само 100 за остатокот од светот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER