Geely Farizon – SuperVan

Кинескиот Geely реши да отвори уште еден европски фронт и да стартува со продажба на возилата од својата комерцијална дивизија Farizon.

За почеток се избрани Турција и осум земји членки на Унијата, главно од Централа Европа. Во своето портфолио оваа марка основана 2016-та има серија лесни и тешки возила и автобуси кај кои акцентот е ставен на алтернативните погонски технологии.

Беше прва во светот што разви камион чиј мотор работи на метанол. После иницијалниот успех во Азија светската експанзија ја продолжи во Јужна Америка и на Блискиот Исток, за после Европа на ред да дојдат Кореја и Јапонија. Изборот возила со кои ќе настапува на Стариот Континент сигурно претпазливо ќе биде направен, како и тоа кои уште нови пазари и кога ќе бидат освојувани. За Македонија засега нема никакви најави, но сепак постојат реални можности и нашата земја да се најде на списокот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER