Toyota со мал SUV (видео) » Уште едно изненадување за Европа

Top News Видео Новитети

Уште едно изненадување за Европа

Базиран на Yaris, новиот мал SUV на Toyota ќе се смести во гамата под C-HR

Објавено на 17 јануари 2020 година

Toyota официјално објави дека планира да направи нов мал SUV кој ќе ја дели истата платформа со четвртата генерација на Yaris. Името, планираниот волумен на продажбата и датумот кога точно ќе биде лансиран ќе бидат објавени подоцна, најверојатно во втората половина од годинава – засега само е покажана неговата силуета. А таа, според зборовите на Мет Харисон, извршниот потпретседател на Toyota Европа, зрачи со динамизам и сопствен персоналитет. Тој додаде и дека овој модел ќе го надгради успехот на Yaris во Европа и заедно од нив се очекува до 2025 година да зафатат третина од продажбата на марката на Стариот континент. Тој убедува дека новиот SUV нема да биде само Yaris со набилдана каросерија и зголемено растојание од тлото, туку сосема нов и препознатлив модел од Б-сегментот.

Новиот SUV ќе се произведува во француската фабрика на Toyota заедно со Yaris, чија нова платформа овозможува на неа да бидат базирани возила со различна должина, ширина, висина и меѓуоскино растојание.

Видео

клучни зборови: ,