Tesla Model Y пристигнува порано
Спротивно на целокупната досегашна практика, можно е производството на Tesla Model Y да започне нешто порано
Објавено на 25 октомври 2019 година
Американскиот производител на електрични возила Tesla соопшти дека ќе го започне производството на новиот кросовер порано отколку што е планирано. Оваа изненадувачка порака е во целосна конфузија со досегашната практика кога Tesla ги преценуваше своите и можностите на добавувачите за лансирање на новите модели. Затоа и светот сé уште очекува помалиот кросовер на Tesla да пристигне на пазарот подоцна, а не порано отколку што е најавено во есента идната година. Поместувањето не е многу значајно – се работи за само еден квартал, односно налето 2020 година, но сепак навестува дека Tesla конечно фаќа чекор меѓу желбите и можностите. Тоа ќе додаде значителна доза сериозност на компанијата во својот бизнис настап, а на купувачите пак дополнителна доверба во неа.
Според претходно објавените планови, инсталирањето на опремата за производство на Model Y се извршува на петтата монтажна линија во фабриката во Фримонт во Калифорнија. Подоцна е предвидено овој кросовер да се прави и во новата гигафабрика 3 во Шангај во Кина.