Tesla го обнови Model 3 (видео)

Освежен изглед, подобрен ентериер, зголемена автономија

Шест години откако започна да се произведува, Tesla го обнови Model 3

Проектот Highland како што Tesla го нарече процесот на обновување на Model 3 започнат минатата есен прво ќе ги зафати возилата произведени во Кина од каде освен домашниот се снабдуваат и пазарите во Европа, Блискиот Исток, Австралија и Јапонија. Нов е предниот браник а светлата се потенки, што на возилото му дава попрефинет изглед задржувајќи ја елегантната и едноставна естетика. Назад светлосните групи се во облик на буквата C а нов е и големиот дифузор на редизајнираниот браник.

Надворешните измени заедно со новиот аеродинамично оптимизиран дизајн на тркалата го намалија коефициентот на отпор на воздухот од 0,23 на 0,219, што овозможи зголемување на автономијата без промени на погонскиот систем. Така сега изведбата со еден електромотор со 283 KS и погон на задните тркала со едно полнење може да помине 513 а Long Range верзијата со два електромотора со вкупно 498 коњски сили 629 km. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 6,1 односно 4,4 секунди за верзијата со два електромотора и погон на сите тркала, додека максималната брзина и во двата случаи изнесува 201 km/h.

Иако изгледот на внатрешноста е доста сличен на досегашниот модел, направени се неколку измени. Удобноста е подобрена со новите акустични стакла, потивките пневматици, подобреното ослонување и дополнителното придушување на вибрациите. Управувачот има нови дизајн со копчиња за мигавците, а инструмент плочата е со ново амбиентално осветлување. Селекторот за погонот, да не кажеме рачката од менувачот е исфрлена и тоа се прави преку централниот дисплеј кој има големина од 15,4 инчи. Под него се два безжични полначи за телефон а назад нов инфозабавен систем од 8 инчи.

Обновениот Model 3 ќе започне да се продава од октомври, по цени кои се за 1.000 евра повисоки и во Германија изнесуваат 42.990 односно 51.990 евра за верзијата со два електромотора и поголем пакет батерии.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER