Русите ја претставија обновената претседателска лимузина Aurus Senat.
Овој луксузен автомобил направен да биде тамошен пандан на најскапите во светот доби изменета маска, алуминиумски поклопец на моторот и дополнителни хромирани детали.
Нови се и матрикс светлата со адаптивно подесување и автоматски долги светла. Најмногу промени има во кабината.
Дигиталната инструмент-табла нуди три начини на приказ, а мултимедијалниот систем доби поголем екран и изменет интерфејс. Наместо класична рачка од менувачот вградено е копче со кое степените на пренос се бираат со негово притискање, а доби и место за безжично полнење на телефон.
Опремата вклучува и систем за ноќно возење со термовизиска камера и набљудување на опкружувањето на возилото, како и систем за следење на заморот на возачот. Ретровизорот е дигитален а подобрен е и комфорот на патниците назад.
Погонот не е менуван – Aurus Senat и понатаму користи хибриден систем со V8 бензински мотор од 4,4 литри и 598 коњски сили дополнети со уште 62 електрични, додека менувачот е деветстепен. Цената на ова лимузина надминува половина милион евра.


