По три годишната пауза, финската марка Nokian Tyres повторно во понудата на Мотоцентар
На денешната презентација беа претставени најновите модели пневматици за претстојната сезона од етаблираната марка Nokian. Како пионер и иноватор кој ја креирал првиот зимски пневматик во светот во 1934 година, Nokian Tyres е посветен безбедноста, одржливоста и предвидливоста во најпредизвикувачките зимски услови.
Од сезонава Nokian Tyres има ново заштитно лице, повторно фински ас од Формула 1. Местото на Мика Хакинен доаѓа Кими Рајконен. Ѕвезда на презентацијата беше ставен на новиот премиум зимски модел Nokian Tyres Snowproof 3P, пневматик со исклучително висок перформанс кој се одликува со Alpine Performance 3.0,
концепт за напредно управување, нов дизајн на шарата со три зони (Triple Zone Tread) за максимално прилепување на снег и мраз како и Performance Bead Rings – специјални прстени за лежиште на пневматикот за зголемена стабилност при ненадејни маневри на патот.
Дополнително, овој модел нуди врвна заштита за тркалата од удари (Large Rim Protector), совршено управување на сув и влажен коловоз и значително намалено ниво на бучава за максимална удобност при возењето. Но, прикаската не застанува тука. Како дел од иновациите во портфолиото на Nokian Tyres беа истакнати и технологијата за апсорпција на звукот за значително потивко и поудобно возење.
За поголемите димензии на пневматици, над 17 инчи, наменета е технологијата на зајакнати странични ѕидови на пневматиците со арамид, екстремно силно, вештачко синтетичко влакно, за максимална издржливост и заштита од удари и оштетувања. Исто така, сите нови производи сертифицирани се за користење и кај електричните и хибридните возила.
„Нашата соработка со ’Nokian Tyres’ е резултат на долгорочната посветеност на ‘Мотоцентар’ на македонскиот пазар да му понуди исклучиво докажан квалитет и премиум производи. Како компанија со над 30 години традиција, 10 продажно-сервисни центри и повеќе од 160 вработени низ Македонија, горди сме што на возачите им ги ставаме на располагање најнапредните зимски пневматици од пионерот во оваа индустрија, овозможувајќи им максимална безбедност и безгрижно возење во сите временски услови“, истакна Горан Гроздоски, Генерален Директор на Мотоцентар.
„Финското наследство и повеќе од еден век иновации се нашата најголема гаранција за квалитет. Преку нашиот сопствен центар за тестирање White Hell во Лапонија, гарантираме дека секој пневматик од серијата Snowproof нуди врвно прилепување со подлогата за бескомпромисно управување и сопирање на возилото на снег и мраз. Исклучително ни е драго што преку нашиот долгогодишен и докажан партнер Мотоцентар ги носиме овие премиум технологии поблиску до возачите во Македонија“, изјави Ведран Грубишиќ, Менаџер за продажба за Балканот во Nokian Tyres.
За сите заинтересирани, новите модели на Nokian Tyres се веќе достапни во продажно-сервисната мрежа на Мотоцентар ширум државата. Од Мотоцентар порачуваат : „Иде зима, ама нема зима!“


