Aurus Senat – Лимузина само за одбрани

Русите ја претставија обновената претседателска лимузина Aurus Senat. Овој луксузен автомобил направен да биде тамошен пандан на најскапите во светот доби изменета маска, алуминиумски поклопец на моторот и дополнителни хромирани детали. Нови се и матрикс светлата со адаптивно подесување и автоматски долги светла. Најмногу промени има во кабината. Дигиталната инструмент-табла нуди три начини на приказ, […]

Mercedes-AMG GT SUV

Со посебен настан одржан пред 15 илјади луѓе Mercedes прослави 140 години. Покрај потсетувањето на многуте значајни моменти од пребогатата историја главниот акцент беше ставен на новиот електричен супер теренец AMG GT SUV. Технички блиску поврзан со веќе познатото купе, ќе ги има сите негови карактеристики и спецификации и ќе доаѓа во три верзии со […]

Tesla Roadster

Цели девет години светот чекаше Tesla да ја подготви сериската верзија на втората генерација на Roadster. Сега знаеме и зошто – автомобилот може да вози наопаку, да лебди во воздух па дури и да направи салто. Изгледа неверојатно но сето тоа во живо беше покажано на спектакуларната презентација во тест-центарот на SpaceX. Првобитните најави сугерираа дека […]

Porsche Mission S

Иако е во криза, Porsche се фокусира на она што го прави најдобро – спортски автомобили, овој пат со осум цилиндерски боксер! Ова е Mission S, модел кој не само што воведува нов дизајнерски идентитет за брендот, туку и најавува претстоен суперспортски автомобил што ќе се позиционира над моделот 911. Дизајнот на Mission S значително […]

XPeng G9L – Луксузен и сестран

XPeng ја прошири својата европска експанзија со големиот G9L кој настапува во бизнис-класата теренци. Како и другите модели кои ги пласира тука, и овој ќе се произведува во Австрија благодарение на што Кинезите успеаја да му ја позиционираат цената на 75 илјади евра. Но таа ни оддалеку не ги отсликува неговите карактеристики, почнувајќи од должината […]

Париз 2026: Renault E-Space (видео, фото-галерија)

Concept E-Space ја продолжува традицијата на Renault што ја негува повеќе од четири децении Великодушно пропорциониран, со зголемени димензии од актуелниот Еѕрасе направени се визуелни освежувања со пократки надвиснувања и 23-инчни алуминиумски тркала. Нова карактеристика е светлосниот потпис на предниот и задниот дел со широка светлосна лента во форма на буквата Y ја опкружува целата […]

Париз 2026: Smart #2 (фото-галерија)

Новиот Smart #2 е тука повторно да завладее со градските улици… Пред триесет години, Smart го претстави својот прв модел, подоцна познат како Fortwo. Производството на култниот градски автомобил со две седишта престана во 2024 година, но тој конечно доби директен наследник во вид на сосема новиот Smart #2. Визуелно, тој изгледа како еволуција на […]

Париз 2026: DS F3VER (видео, фото-галерија)

Никој не сака да фати треска, но токму тоа чувство DS Automobiles сака да го предизвика! Наречен DS F3VER, овој концепт автомобил нуди увид во иднината на компанијата и нејзината „бескомпромисна визија за мобилност“. DS F3VER е смел хечбек кој изгледа сосема поинаку од кој било од тековните сериски модели на марката. Предниот дел се […]

Париз – Peugeot E-T16 Concept

Електричен омаж на автомобилите од рели Групата Б! Концептот E-T16, е електрично „чудовиште“ што му оддава почит на легендарниот рели-автомобил Peugeot 205 T16. Возилото, како што вели производителот,  достигнува брзина од 300 км/ч за само 16 секунди, поседува три електромотори и изгледа како да излегло од некој луд сон инспириран од ерата на Групата Б. […]

Париз 2026: Leapmotor B03 и D19

Кинеските брендови масовно се претставуваат во Париз, а Leapmotor B03 е еден од моделите што ги тера западните производители да бидат на штрек. B03 е електричен хечбек од субкомпактната класа, дизајниран да им ги преземе купувачите на VW ID. Polo и Renault 5, нудејќи подобри перформанси, повеќе опрема и поголема автономија за значително пониска цена. […]