Европска голема тројка против бирократската летаргија на Брисел

Незадоволни од јачината со која нивниот глас се слуша во Брисел, Volkswagen, Stellantis и Renault ќе формираат сојуз кој веднаш го доби неформалниот назив европска голема тројка.

Нивното симболично здружување има за цел преку лобирање да се влијае на забрзувањето на комуникацијата со европските институции, најмногу на полето на еколошките прописи. Овој логичен чекор доаѓа како реакција на ситуацијата во која се најде европската автомобилска индустрија која е под незапаметен притисок на кинеската конкуренција и високите трошоци за производство. Затоа и трите најголеми компании кои покриваат повеќе од 60 отсто од европското производство на возила сметаат дека ќе бидат доволно силни да ја изменат индустриската политика на Европската Унија. Иако конкретните планови за делување и деталите за стратегиите засега изостануваат, сите се согласуваат дека нивното влијание ќе биде големо, можеби и пресудно. Автомобилската индустрија остварува околу 8 отсто од бруто општествениот производ во Унијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER