Subaru Impreza – Шестата генерација стартува од Америка

Подготвена за нова младост

Ретки се моделите во светот на автомобилите што се одржуваат во редовната понуда и можат да се пофалат со богата спортска кариера. Еден од нив секако е Impreza која во својата шеста генерација не донесува тектонски промени и се држи до својот ритам. Subaru потенцира дека новиот дизајн, кој и не делува така ново, крие подобрени перформанси, зголемена безбедност и ажурирана мултимедијална технологија. Испод хаубата не е сменето ништо. Таму е сместен четирицилиндерскиот боксер мотор од два литри и 152 коњи и неговата поголема по зафатнина изведба. Таа има 2,5 литри и 30 коњи повеќе. Нивната сила се пренесува преку CVT менувач и се дистрибуира на сите тркала преку ревизираниот симетричен систем. Во кабината акцентирана е дигитализацијата и доминира централно поставениот 11,6 инчен екран. Тој е лицето на Subaru Starlink мултимедијалниот систем кој прв пат се сретнува во Impreza. Ќе има неколку нивоа на опременост, а во игра е вратена ознаката RS која ќе ја носат врвно опремените егземплари. Во САД Impreza ќе почне да се продава пред божиќните празници а од престојната пролет и на останатите пазари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER