Škoda Superb » Супериорно напред

Супериорно напред

Иако се работи за редизајн а не за сосема нов модел, новиот Superb беше прилика да се покаже колку Škoda оди напред

Објавено на 27 август 2019 година

Со Superb се запознавме уште во 2001-вата, кога дебело беше дискутабилно дали на Škoda ѝ треба ваков модел. Оттогаш поминаа 18 години и тоа прашање не се сосема исклучи, туку се трансформира во каков знаменосец ѝ е потребен на Škoda. Познавачите на марката добро знаат, но за жал само тие не се целната група купувачи – за исполнување на основниот критериум, односно постигнување продажба која би ги оправдала средствата вложени во развојот, треба малку повеќе. А новиот Superb всушност нуди многу повеќе, факт што сé поголем број купувачи го дознаваат. Причината не е само цената која веќе не е на ниво кое провоцира (основниот модел кај нас чини 30.900 евра), туку и содржината. И дизајнот, се разбира, кој три и пол години по лансирањето на третата генерација на знаменосецот на чешкиот бренд е сеопфатно модернизиран. Технолошкиот напредок, како што се LED предните светла со матрица и уште поширок спектар на иновативни системи за помош, прават Superb да биде еден од најбезбедните и најудобните автомобили во својот сегмент. А во однос на пространоста, тој претставува репер за автомобилите во класата главно недостижен за другите.

Škoda Superb постигнува значаен успех во класата, уживајќи во широка база на клиенти благодарение на многуте паметни решенија и придобивки кои ги нуди моделот. Она што семејствата најмногу го сакаат кај Škoda Superb е неговата просторност, разноврсност и исклучителна вредност за парите. Тука треба да го споменеме и новиот Superb Scout кој допира до клиентите фокусирани на мултифункционалност и модерен начин на живот, а во исто време привлекува и нови групи купувачи. Целосните LED Matrix светла за прв пат се достапни во понудата кај Superb. Опционалните LED задни светла сега вклучуваат и динамични индикатори. Новите системи за помош, како што се адаптивниот темпомат и системот за странична помош – која работи на оддалеченост од 70 метри – го зголемуваат високото ниво на безбедност на семејството Superb уште повеќе. Помошта при итни случаи, системот за следење на коловозна лента и  Front Assist системот за итно сопирање со предвидлива заштита на пешаците, исто така, се нови технологии во понудата.

Следејќи ги стапките на оригиналниот Superb, кој се произведуваше меѓу 1934 и 1949 година, ерата на современиот Superb започна во 2001 година и продолжи до 2008 година со својата втора генерација. Третата генерација го имаше своето деби во 2015 година; Škoda достигна до продажба на еден милион возила Superb, произведени ширум светот до април 2017 година. Како дополнување на успехот, до крајот на годината ќе биде воведен и хибридниот Superb iV.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER