Škoda Octavia – три нови алтернативи

Вести Видео Новитети

Модернизирање на модерното

Со умерениот и плаг-ин хибрид како и изведбата со мотор на гас, Škoda Octavia Škoda Octavia станува пример за екологија!

објавено 17 септември 2020

Само неколку месеци по претставувањето на Škoda Octavia која настапи со штедливи бензински и дизел мотори, на сцена стапија уште три погони кои ја лансираат чешката компанија во нова орбита. Станува збор за неколку изведби кои во најдобра смисла извлекуваат максимум од трендовските еколошки технологии. Octavia е-TEC првата Škoda која е опремена со умерен 48V хибриден погон. Следат две верзии и тоа Octavia iV и Octavia RS iV кои се засилени со плаг-ин технологија а последната е Octavia G-TEC дизајнирана да го употребува еколошкиот природен гас. Благодарение на трите погони, новата Škoda Octavia има значително намалена емисија на СО2. Четвртата генерација е како по обичај достапна со каросерија со пет врати и караван, а практичната Scout и спортската RS се додадени во понудата. Достапни со погон на предните или сите тркала, со мануелна или автматска DSG трансмисија, Octavia останува посветена на своите постулати дефинирани од нејзиното појавување во 1996 година како достапен и доверлив модел.

Од тогаш на сцена стапија четири генерации со вкупно седум милиони продадени примероци, или 400.000 годишно. Уште малку остануваме во знакот на четворката. Octavia е единствениот модел на Škoda кој се произведува во четири земји и тоа Чешка, Кина, Русија и Индија. Има повеќе причини за успешната приказна на пректичната лимузина од Млада Болеслав, а најмногу допринесуваат модерниот дизајн, современите технологии и несебичната опременост која искомбинирана со разумната цена прават популарноста секојдневно да и расне. Моделите со трите нови погони би требало да бидат понудени и кај нас, но ќе требаме да бидеме трпеливи поради приоритетноста на пазарите каде традиционално се бараат еколошките верзии. Повеќе детали во видеото!

Видео