Seat со нова визија » Електричните скутери и тротинети се тоа што ни треба!

Top News Вести Новитети

Електричните скутери и тротинети се тоа што ни треба!

Креирајќи посебна суб-марка, Seat уште еднаш покажа дека поинаку мисли за иднината

Објавено на 19 јуни 2020 година

Минатата година ги направи првите чекори за сега да ги издифиренцира вистински – шпанскиот Seat ја креираше посебната суб-марка Mo под која ќе ја напаѓа нашата иднина во електричната мобилност. Тука пред сé приоритет ќе имаат eScooter 125 и малиот тротинет eKickScooter 65, кои на нам својствен начин треба да ни ги приближат предностите на електричните технологии. Затоа и ознаките им се избрани да соодветстуваат на оние од бензинскиот свет – eScooter 125 има електромотор од 12 KS интегриран во задното тркало и батерија од 5,6 kWh која треба да му обезбеди автономија од 125 km. Максималната брзина му е ограничена на солидни 95 km/h, а полнењето на бетаријата може да се направи и дома бидејќи таа едноставно се вади од своето лежиште. Уникатна карактеристика му е и тоа што може да вози наназад за полесно маневрирање на паркинг просторите, а располага и со повеќе режими за возење – City, Sport и Eco.

Од друга страна, електричниот тротинет со бројката 65 во ознаката ја надополнува понудата на досега единствениот eKickScooter 25, порано познат како eXS KickScooter. Тој како што може да претпоставите има можност за поминување 65 електрични километри, овозможени од батериите од 551 Wh и електромоторотод 350 W. Со него тој номинално ќе може да постигне 20 km/h што е ограничено со тековната законска регулатива, но и да искачи нагорница од 20 степени, што само по себе епокажува дека има поголем капацитет. Засега заради недореченоста на законските пропииси ширум Евроа тој ќе биде скриен од очите на јавноста, така што да сме живи и здрави и да ја преживееме корона-кризата, уште ќе зборуваме за него.

Видео

клучни зборови: